Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија, и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија, и оваа година традиционално, по дванаестти пат ќе организира летен камп за млади социјалдемократи, кој ќе се одржи во периодот од 4 до 7 јули 2019 година, во Охрид.
Оваа година на кампот ќе учествуваат повеќе од 100 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи.
Заради големиот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на родовата застапеност и застапеноста на учесници од различни региони од државата.
Сите заинтересирани за пријавување на летниот семинар потребно е:
– да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 28 години;
– да биле дел од клучните проекти на СДСМ и СДММ во изминатиот период;
– ДА НЕ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ПРЕТХОДНИ ЛЕТНИ КАМПОВИ организирани од СДММ и Прогрес Институт за социјална демократија;
– да испратат CV и партиска биографија.
Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на следниот
е-mail: letenkamp2019@gmail.com, најдоцна до 30 јуни (недела), 2019 година.