fbpx

Зечевиќ од Липково: Да се сплотиме како општество околу клучното прашање – европската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вредностите и политиките на СДСМ за меѓусебно почитување, помагање и толеранција се обединувачки елементи за јакнење на внатрешната кохезија и плодна почва за заедничко општествено сплотување околу клучното прашање – европската иднина на државата, порача попладнето од Липково генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

-Социјалдемократските принципи и вредности се преточени во нашите политики, на кои се темелат основите на заедничкото живеење и интеграциските процеси. Ние ги отфрламе поделбите, национализмот и шовинизмот затоа што тоа ја слабее земјата од внатре, води до загрозувањето на демократскиот развој и нејзината иднина. Сега е време политиката на внатрешна интеграција да ги обедини граѓаните и прогресивните политички чинители за исполнување на уште една стратешка цел – европска интеграција. Да си подадеме рака еден на друг, за сплотување на сите човечки потенцијали, наместо делење по сите национални шевови – да изградиме заеднички столбови. Конечно да се сплотиме како општество околу клучното прашање за иднината на државата. Обединето општество може да нè однесе напред. Да живееме подобро и да се интегрираме со државотворните европски народи со нашата специфичност, посебност и национална гордост, рече Зечевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска ги продолжува интензивните теренски активности, на средби и работни состаноци ширум републиката.

Последни вести