fbpx

Наместо лажни вести и невистини, ВМРО-ДПМЕ да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

10 години ВМРО-ДПМНЕ ги уништуваше институциите, а токму поради нивните погубни политики, во нивно време фитосанитарниот систем беше нефункционален.

Цевтан Трипуновски, како поранешен директор на Државниот инспекторат за земјоделство, многу точно го знае начинот и зачестеноста на земаање на мостри за лабораториска анализа од пратки од растенија и растителни производи согласно мониторинг програмите и официјалните инспекциски контроли од страна на фитосанитарните инспектори.

Како претходен Директор на фитосанитрарната лабораторија, Трипуновски многу добро е упатен и во методите и времетраењето на лабораториските анализи во Државната фитосанитарна лабораторија, која работи согласно протоколите на Европско –медитеранската организација за заштита на растенијата,

Затоа, несериозно е што заради партиски интереси Трипуновски покажува основно непознавање на законските прописи од областа на заштитата на растенијата областите кои ги има раководено во претходниот период, упатувајќи на ад – хок мерки и на „нова регулатива“. Дополнително, во негово време додека токму тој раководеше со ДИЗ, иако стигнуваат информации од надлежните служби од Руската федерација незнаејќи како да го организира мониторингот за појавата на Monilinia fructicola, е директно одговорен за состојбата со откуп на коскесто овошје.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веднаш по утврдување на состојбата, воспостави комуникација со службите од руската федерација и започна со решавање на состојбата.

По интензивните едукативни трибини и интезивната соработка со земјоделските производители за преземање на фитосанитарни во текот на зимскиот период, дипломатската активност и релизираната инспекција од страна на руската надлежна служба, дозволен е извозот на коскестото овошје од Република Северна Македонија во Руската Федерација. Меѓутоа, за пратките од праска и нектарина потребно е надлежната служба да гарантира дека се исполнети фитосанитарните барања и секоја пратка да е пропратена со анализи од акредитирани лаборатроии.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат да ги надминуваат и решаваат проблемите на земјоделците. Наместо да шири лажни вести и невистини, ВМРО-ДПМНЕ да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството.!

 

Скопје, 11.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести