Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека повратот на средства во периодот јануари – ноември 2022 година е за 47 проценти поголем во споредба со истиот период 2021 година.
Со повратот, поголем за 47 проценти ја овозможуваме и помагаме ликвидноста на компаниите, нагласи Лукаревска.
Заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП соопшти дека реализацијата на собирање на даноците е над 100 проценти.
Ние сме имале обврска во периодот јануари – ноември 2022 година да собереме 94,6 милијарди денари, ние сме собрале 94,8 милијарди денари, имаме реализација од 100% на планираниот приход, рече Лукаревска.
Клучно е што сега парите завршуваат кај граѓаните, со антикризните мерки ја спасивме македонската економија и ги помогнавме и граѓаните и компаниите.
Во врска со партиските активности Лукаревска посочи дека СДСМ за прв пат прави еден ваков караван на трибини, откако има ново раководство на партијата.
Целта на трибините не е да се покаже дека е време за избори, туку напротив, поената е да зборуваме за нашата економска и европска визија, да го презентираме сработеното и да ги слушнеме граѓаните, да видиме до каде сме, да покажеме дека ја остваруваме владината програма. Не е фер кон граѓаните и би било неодговорно е да одиме само пред избори пред електоратот и тогаш да ја бараме довербата. СДСМ е со граѓаните, обединета, силна и консолидирана, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.