Соопштение за јавност
Потпретседателот Битиќи денеска се обрати на трибината организирана во Чаир, дел од караванот „Силно и одлучно кон иднината“.
На трибината потпретседателот Битиќи се осврна на граѓанскиот концепт на едно општество за сите кој го гаи СДСМ, како одговорна и делотворна партија, за сите граѓани.
„Чаир е срцето на Скопје.Поради својот дух, своите вредности, еснафот кој тука се раѓа и живее, поради соживотот и шаренилото на карактерот на Чаир.Во оваа сала денеска пред мене го гледам токму тоа и ви благодарам што сте вечерва тука и што ја имаме оваа можност да се видиме и зборуваме.
А токму на ваквите трибини, на средбите со вас граѓаните ќе ги бараме и ќе ги најдеме решенијата за вашите потреби и проблеми. Тоа е рецептот за успех во овие изминати четири години, тоа ќе биде рецептот и за наредните четири.
СДСМ останува со граѓаните, СДСМ продолжува да обединува, СДСМ продолжува да работи посветено за секое населено место. СДСМ го дава и ќе го даде најдоброто за секоја општина, за секој град, за секое село.
Да се расте, да се живее и создава во Скопје значи да се биде дел од една впечатлива, жива и колоритна приказна. Добро знаете дека СДСМ е носител и промотор на концептот едно општество за сите. Тој концепт не значи само еднакви права и обврски за сите граѓани, значи и еднакво вложување во секоја општина, секое населено место. Сдсм има тим, има луѓе кои веруваат и го развиваат нашето едно општество за сите.“ – истакна Битиќи.
Членката на Централниот одбор на СДСМ, Славица Грковска посочи дека државата по 17 години конечно ги започна преговори за членство во ЕУ и дека секој треба да даде свој придонес во процесот на реформите.
– Имаме историска шанса што не смееме да ја пропуштиме, потребно е секој од нас максимално да се вложи, за процесот на преговори го завршиме што побрзо и со полноправното членство во ЕУ да ја реализираме стратешката цел и на сегашните и идни генерации да им обезбедиме подобри услови за работа и живот, посочи Грковска.