Соопштение за јавност
Одговорноста за блокадите и хаосот што му се случуваат на Скопје е единствено кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Заминувањето на Ленин Јовановски како еден од организаторите на протестите е само провидна игра на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.
И градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот на Град Скопје, и директорите и членовите на управните одбори се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат сите механизми да ја прекинат блокадата и тоа треба да го сторат веднаш.
Мицкоски треба да се покрие од срам за сето она што му го прави на сопствениот град, на своите сограѓани.