fbpx

Колева: ВМРО-ДПМНЕ една година го блокираше законот за локлани патишта, СДСМ се залага за напредок во сите општини, без разлика кој е градоначалник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пратеничката на СДСМ Даниела Колева во рамките на дискусијата за Буџетот за 2023 година во собраниската комисија за финансирање и буџет истакна дека проектот за локални патишта вреди 70 милиони евра и го подобрува животниот стандард на граѓаните, условите за живот и е многу важен за локалниот економски развој на сите општини.

Овој закон беше една година блокиран овде во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа сега, за среќа е веќе изгласан и сите средства се насочуваат, законот е одблокиран, ние не го блокираме затоа што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ние не сакаме да блокираме, сакаме да има напредок во сите општини без разлика кој е градоначалник, порача Колева, додавајќи дека проектите од страна на локалните самоуправи треба да се изработуваат како што треба.

Колева истакна дека преку овој проект досега се реконструирани 450 километри локални патишта во сите општини низ државата, а во моментов низ целата држава се реконструираат околу 150 километри регионални патишта во вредност од 77 милиони евра.

Јавно го пофалувам овој проект, бидејќи го подобрува животот на сите граѓани во државата, вие го занемарувате овој проект, а барате нови улици и патишта, а ниеден од вас не кажа дека овој проект за поврзување на локлани патишта е одличен, никој од вас не го пофали овој проект, а верувам дека во сите општини има веќе 5-6 улици реконструирани преку овој проект, им порача пратеничката на СДСМ Даниела Колева на колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести