Официјални податоци ги демантираат сите лаги и измислици на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои не можејќи да се помират со економските успеси, продолжуваат да шират лаги и измислици за наводен крах на економијата.
ВМРО-ДПМНЕ од економија знае само за провизии и криминални тендери и затоа за нив е несфатливо дека може да се работи во интерес на граѓаните и државата, дека може да се гради силна, развојна економија.
Математички прецизно, растот на економијата во првиот квартал од годината е 4,1 отсто и е највисок раст во последните неколку години. Далеку повисок од -1,8 отсто колку што изнесуваше во последните месеци на владеење на ВМРО-ДПМНЕ
Истовремено, како резултат на поволната економска клима, стапката на невработеност изнесува 17,8 отсто, што е историски најниско ниво.
Наместо да се затскрива зад партиски реакции, го охрабруваме Мицкоски да ја следи работата на Владата и премиерот Зоран Заев, да учи како се води реална, развојна економија и како се работи во интерес на граѓаните.
Скопје, 08.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА