fbpx

Криминални договорени тендери се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, денес сите институции работат професионално и законски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Времето на дебели провизии и наместени тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

 Навикнати на криминал и договорени тендери во здравството кои ги правеа цели 11 години, ВМРО-ДПМНЕ денес шират лажни вести кои се демантирани од надлежните институции.

Трет ден, истата лага одекнува од симболот за лажни вести, белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, како што тоа беше случај и претходно за различни јавни набавки во здравството.

Релевантните институции како Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал потврдија дека сите јавни набавки на Министерството за здравсто се законски и со тоа ги демантираа лагите од белиот дворец.

Наместо да шират лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се помират дека криминалот, деструкцијата и богатења на поединци на сметка на граѓаните, завршија со нивното заминување во опозиција. 

Денес, сите институции работат законски, транспаренетно и во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 08.06.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести