Соопштение за јавност
По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години со мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ, се постигна раздвижување на економијата и забележлив економски раст.
За две години создадовме силна економија која нуди шанса за сите.
Последните податоци покажуваат зголемување на извозот за 16 проценти во првите месеци од оваа година споредбено со лани
Во бруто изност тоа се 290 милиони евра повеќе.
Од минусното салдо од -1.8 отсто во вториот квартал на 2017 година, успешните економски политики придонесоа за раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал од 2018 година
20 нови странски инвестиции влегоа во државава за само две години, а во 2018 забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.
Вкупно 26.600 нови работни места од кои околу 1.000 во производствените погони на странските инвестиции се отворија само во 2018 година.
Реализација на активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ придонесоа стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто за 2 години.
За две години просечната плата е поголема за 2.000 денари.
Ова се само дел од економските параметри кои потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линнија.
Имаме силна економија, а парите се враќаат назад кај граѓаните.
Скопје, 06.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА