fbpx

Наместо да повикаат на одговорност Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат насилството од 27 април, насилниците и осомничените организатори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да повика на одговорност, правда и правичност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се ставаат во заштита на насилниците и осомничените организатори на насилството од 27 април.

Исто како неговиот ментор, Никола Груевски, и Христијан Мицкоски го брани насилството на 27-ми април.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират дека правда мора да има, дека бруталниот упад во Собранието од 27 април кога се случи обид за убиство на пратеници и државен удар, мора да се расчисти до крај.

За основаноста на било кое обвинение не одлучува ВМРО-ДПМНЕ туку надлежни судски органи и опозициската партија треба да ги остави институциите да го расчистат случајот а сите инволвирани да се соочат со одговорноста.

Особено што искази на осомничени за случајот и јавно достапни информации покажаа дека токму во луксузниот дворец, „на осмиот спрат“ во седиштето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се кооридинирале активности за бруталниот упад во Собранието на 27 април.Кои и да се нивните имиња, каква и да е поврзаноста, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да сносат одговорност согласно законите, низ соодветна транспарентна судска постапка.

Скопје, 31.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести