fbpx

Заканите и навредите се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од насилничката матрица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Васко Кичевски, претседател на градска огранизација на СДСМ – Скопје

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Страшни и скандалозни се заканите и навредите што произлегоа од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска.

„Од првиот момент кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици“ и „Ќе го бришеме подот со тебе“ така според сведоштвата на Арсовска, се заканувал шпицниот градоначалник Мицкоски.

До пред само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска зборуваше дека е најдобрата градоначалничка, дека е мајка на градот, а сега оваа партија бара доказ дека Арсовска е во добра психофизичка состојба.

Наместо за граѓаните, наместо за проекти, граѓаните слушаат закани, навреди, едно ниско, разочарувачко ниво.

Начинот на комуникација меѓу Арсовска и Мицкоски покажува зошто ништо во Град Скопје не функционира.

И додека јавноста слуша за закани клевети и навреди меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, СДСМ прави се за да ги реши проблемите на скопјани.

Парното во Скопје веќе го презема и го управува Владата на премиерот Ковачевски, затоа што Арсовска и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од него.

Благодарение на одговорниот и чесен пристап на претседателот Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение.

Единствено во премиерот Ковачевски, граѓаните гледаат сериозен партнер и човек кој се грижи за нив.

Скопје и неговите граѓани, не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска.

Последни вести