fbpx

Зечевиќ: Обединување за европската иднина е врвот на современиот патриотизам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ, како државотворен политички субјект, со поддршка на нашите меѓународни партнери, ќе направи се да ја поставиме татковината на маса на новата геополитичка реалност, ветска и европска, порача генералниот секретар Миле Зечевиќ на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Скопје.

„Подаваме рака, секој да се приклучи во остварувањето на оваа државна цел! Нашата нова голема тема, голема идеја, треба да биде големо општествено и националано помирување и обединување околу европскиот концепт, околу европскиот пат на државата!

Да се мобилизираат сите прогресивни сили со кои делиме исти вредности!Да се консолидира македонското ткиво, околу клучните политички и европски магистрали! Да се обединиме и меѓуетнички, затоа што Македонија е нашата заедничка држава. Време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднината! Тоа е нашата пресвртница“ порача Зечевиќ.

Генералниот секретар Зечевиќ истакна дека популизмот и лажниот патриотизам станаа опасен дел од секојдневните политики на политичките опоненти кои се во заложништво на радикални ликови.

„За жал, тоа стана дел и од реториката на луѓе кои до скоро беа во нашите редови. Нивната политичка агонија и неодговорност во клучен историски момент, премногу ја труе денешната македонска политичка сцена. Го враќаат Македонецот постојано назад, сè уште да се чувствува како жртва.

Врие од ликови кои за интересите на туѓи бели дворови сакаат одново да го заглават македонскиот народот. Подготвени се да минираат сè и да го разнесат европскиот пат. Македонецот да остане надвор од интеграциите, други да му бидат газди, да му судат и пресудуваат. Ние не смееме и нема да го дозволиме тоа! Да кажеме НЕ за нови делби, да кажеме НЕ за нови лажни пророци! Да кажеме ДА за обединување, за обединување во најширока смисла – национална, меѓунационална, политичка и државна! Тоа е врвот на современиот патриотизам“ посочи Зечевиќ.

Последни вести