fbpx

Најголемите лаги на Мицкоски во 2022 година, лага #3: 100 електрични автобуси во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

2022 година е година на најголемите лаги на Христијан Мицкоски, кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левица.

Освен што ги лажеше граѓаните за македонскиот јазик и идентитет, за почетокот на претговорите со ЕУ, Мицкоски ќе остане запаметен и по лагите за Скопје.

Како шпицен градоначалник, Мицкоски на партиски настан најавуваше набавка на 100 електрични автобуси за потребите на ЈСП.

„Со набавка на нови минимум 100 парчиња на електрични автобуси ќе допринесеме за намалување на загадувањето на воздухот и за таа цел изминатиот период остваривме комуникација со многу производители“ кажа Мицкоски на партиски настан во Скопје.

Девет месеци поминаа од тоа ветување на Мицкоски. Не само што нема 100 нови електрични автобуси, туку и тие што ги има веќе не возат. Во меѓувреме се случи хаос и со постоечкиот јавен превоз.

Поради неспособноста на градската власт од ВМРО-ДПМНЕ Скопје за првпат остана без јавен превоз, приватните превозници веќе не возат, ЈСП тоне во долгови, а граѓаните се возат во преполни автобуси кои често пати доцнат со часови.

Цела една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје не презема ништо ниту за загадениот воздух во главниот град.

На Мицкоски не може да му се верува.

Последни вести