Соопштение за јавност
Претседателот на СДММ Марко Михаиловски, во дебатната емисија „Отворено“ годината што изминува ја оцени како надежна, пред се за младите, младинските политики, за подобрување на младинскиот стандард.
Оваа 2022 година беше надежна пред се за нас младите, вратата што ЕУ многу долго ја држеше затворена, конечно се подотвори за нас. Ние како млади почнавме да го гледаме светлото зад таа врата, коешто треба да носи европски просперитет, како една од стратешките цели коишто државата ги има, а се тоа за подобра иднина на нас младите тука, рече Михаилоски.
Претседателот на СДСМ Марко Михаилоски додаде дека оваа година почна многу повеќе внимание да се посветува на младинските прашања, на младинскиот стандард, младинските политики.
Во однос на ЕУ, Михаилоски нагласи дека сите може и мора да придонесат европските вредности да се донесат тука дома.
Отпочнување на преговорите за мене значи неиселување на младите. ЕУ е процес, во кој сите мораме да дадеме придонес, тоа е позитивно решение за сите случувања и подобрување на сите процеси и потешкотии со кои се соочуваме. Иднината на младиот човек да остане тука во државата не е цена што не треба да се плати за европската иднина, порача претседателот на СДММ Марко Михаиловски.