fbpx

2022 година ја одбележаа неговите лаги, на Мицкоски не може да му се верува, 28.12.2022

Facebook
Twitter
LinkedIn

2022 година ја одбележаа лагите на Христијан Мицкоски кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левица.

Докажувајќи се пред Левица, Мицкоски лажеше дека ќе ни се случела асимилација и бугаризација, лажеше дека македонскиот јазик немало веќе да се нарекува македонски.

Одржувањето на првата Меѓувладина конференција, потпишувањето на првиот документ со ЕУ, Договорот за Фронтекст, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки ги демантираа лагите на Мицкоски.

Лажеше Мицкоски и кога најавуваше 100 нови електрични автобуси за Скопје, како и нова фабрика за производство на такви автобуси.

По девет месеци од таа лага на Мицкоски во Скопје не само што нема нови автобуси, туку и постоечкиот јавен превоз е во хаос.

Синоќа уште една лага на Мицкоски потона, се потврди дека е во коалиција со Данела Арсовска и Левица во Скопје.

Се што Мицкоски кажа – излажа, затоа не може да му се верува.

Последни вести