СДСМ донираше пакетчиња за дечиња на слепи родители и на дечиња од Украина
Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и организациониот секретар Вангел Андрески, денеска во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија донираа пакетчиња за дечиња на слепи родители или родители со оштетен вид и’ им посакаа среќни празници и спокојна 2023 година.
Донацијата преку Црвениот крст на град Скопје е предадена на Здружението на слепи лица со оштетен вид.
Во рамки на хуманитарните акции СДСМ донираше пакетчиња и на дечињата од Украина кои со своите родители се во привремен престој во нашата татковина.
Хуманоста, солидарноста, помагањето се социјалдемократски вредности а споделувањето макар и најмала радост е значајна и вредна за секоја човечка или детска насмевка.
Да помагаме, да се поддржуваме, тоа е човечки, тоа е социјалдемократски.