Соопштение за јавност
Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека пред нас се месеци на предизвик, справување со економската и енергетската криза.
Ќе бидеме фокусирани да го одржиме стандардот на граѓаните, цврсто и јасно сме фокусирани кон ЕУ, рече Костовски, додавајќи дека потонаа сите брутални лаги на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев за некаквки продажби на идентитетот и јазикот.
Костовски нагласи дека во наредниот период македонската економија ќе се рестартира, ќе се продолжи со повисоки плати и пензии.
Костовски нагласи дека сега целокупното практицирање на власта е дијаметрално спротивно од она што беше за време на ВМРО-ДПМНЕ, генерално сите меѓународни партнери и институци го препознаваат и поздравуваат тоа.
Бегање е синоним за ВМРО-ДПМНЕ, Груевски побегна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа за уставните измени, секојдневно бегаат од седнци, што не чудно да бегаат и од седница на собраниска комисија за безбедност, рече Костовски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.