fbpx

Ковачевски: Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ се покажаа дека се лаги, почнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сите обвинувања кои што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа кажани при прифаќањето и носењето на заклучоците во Собранието во однос на европскиот предлог предложен од Француското претседателство паднаа во вода, започнавме преговори со ЕУ со македонски јазик и заштитен идентитет, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју за Националната телевизија, МТВ.

“Се изгради огромна хистерија во општеството дека ќе се сме биле асимилирани, ќе сме биле бугаризирани и ќе сме го изгубеле македонскиот јазик. И се случи токму спротивното. Прво ги отпочнавме преговорите со ЕУ во месец јули, на 19-ти јули, а на 26-ти октомври го потпишавме договорот со ФРОНТЕКС, на чист македонски јазик, без никакви додавки, фусноти или дообјаснувања. Прв пат договор потпишан со сите 27 земји членки на ЕУ. И тоа договор потпишан на сите јазици на ЕУ, одобрен и од Грција и Бугарија. Кој можеше да верува во такво нешто? Второ, во Грција се отвори центар за македонски јазик, кој можеше да верува во такво нешто. Трето, во Скопје се отвори бугарски културен центар од официјалните институции на Бугарија, исто како што ние отворивме канцеларија на МИА во Софија, во македонски културен центар. Тоа е начинот“ рече Ковачевски.

Опозицијата за жал нема државничко чувство и се води од тесно партиските интереси, потенцираше Ковачевски.

„Со ширење на внатрешни тензии во општеството, со ширење на недоверба со соседите не се стига никаде. Тоа не е начин за напредок на државата. Бидејќи ЕУ почива на добрососедски односи, таа не почива на лоши односи помеѓу соседите“ додаде Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер посочи дека реформите и пристапувањето кон ЕУ е процес на целата држава и во интерес на сите граѓани и затоа сите партии треба да дадат придонес во остварувањето на оваа стратешка цел.

„Македонија уште при своето осамостојување има зацртано две стратешки цели, првата е членство во НАТО и втората е членство во ЕУ. И во двете одлуки па и во првата за независност се потврди дека тие процеси се водени од страна на прогресивните сили во парламентот, а пред се тука мислам на СДСМ и неговите коалициони партнери и сметам дека и овој пат ќе биде така.“ рече Ковачевски.

„За жал и кај другите одлуки се потврди дека опозицијата го нема тој стратешки сенс за размислување и секогаш се водени до своите тесно партиски интереси. Меѓутоа тоа ниту во еден момент не им донесе добро ниту на нив, ниту пак на државата. Ние се сеќаваме на 11-те години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во кој што тие пробаа да воведат некој свој алтернативен, никаде не виден модел на управување со државата каде што имавме внатрешни етнички тензии, бевме раскарани со сите соседи и немавме ниту милиметар прогрес во евроатлантските интеграции. На крајот единствен резултат беше што државата стана заробена држава.„ рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во вечерашното интервју за Националната телевизија, МТВ.

Последни вести