fbpx

Добра вест: Заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов, граѓаните избраа напредок, продолжуваме напред!

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Соопштение за јавност

 

После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата.

Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција.

Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.

Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок.

Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ.

Граѓаните избраа напредок и напредокот продолжува.

Република Северна Македонија заврте нова страница на напредок, сигурна и стабилна иднина, членство во НАТО и ЕУ.

Режим никогаш повеќе, продолжуваме заедно напред!

Скопје, 12.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести