fbpx

Градоначалникот на Вевчани Кочовски и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Неспособноста на градоначалникот Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ и неговата администрација да достават навремена и целосна апликација за годишната програма до Министерството за култура е единствената причина што Вевчанскиот карневал оваа година не добил помош од државата.

Кочовски покрај апликацијата, можел и писмено да се обрати до Министерството за култура, но сепак не го сторил тоа, односно не направил ништо за Вевчанскиот карневал да добие финансиска поддршка како што тоа се случувало секогаш во годините наназад.

Кочовски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да бараат алиби да си ја признаат сопствената неспособност и неспособноста на општинската администрација да достават целосна и навремена апликација до надлежното министерство.

Единствено тие се виновниците за актуелната состојба и затоа треба да им се извинат на вевчанци, а не да шират лажни вести од белиот дворец.

СДСМ и преку централната што ја предводи и преку локалната власт во Вевчани што до неодамна ја предводеше, покажувала и покажува вистинска грижа за Вевчанскиот карневал, како едно од најзначајните културно историски обележја не само на Вевчани туку и на целата држава.

Последни вести