fbpx

Над 18 милиони евра за капитални проекти во образованието во 2023 година, инвестираме во образовниот систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ во изминатите пет години сериозно вложува во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес.

За 2023 година за капитални инвестиции во образованието се предвидени 18,3 милиони евра, што е за 8,9 отсто повеќе средства во споредба со минатата година.

Оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.

Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови.

Оваа година ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, како и изградбата на 10 нови спортски објекти во училиштата.

Покрај вложувањата во објекти и опрема, се инвестира и во човечкиот капитал.

Платите на вработените во основното и средното образование од 2017 година досега се зголемени за вкупно 36 отсто.

СДСМ како одговорна партија гради современ и ефикасен образовен систем.

Последни вести