Успешните енергетски мерки и политики на СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски, во услови на глобална криза, даваат резултати.
Обезбедена е сигурна испорака на електрична енергија за сите, како и ценовна стабилност на струјата.
Христијан Мицкоски покажа големо незнаење за енергетиката. Сите негови предвидувања излегоа неточни.
Мицкоски велеше дека нема да има доволно струја, а за прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.
Мицкоски ги плашеше граѓаните дека ќе има рестрикции, а за прв пат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа страв и паника кај граѓаните, со твдрењата дека струјата енормно ќе поскапи.
Напротив, цената на струјата е намалена за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, а 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.
Во време кога цената на гасот уриваше рекорди на берзите, Мицкоски бараше да се набави гас одеднаш за цела грејна сезона, со што државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра.
Сé што кажа Мицкоски промаши.