fbpx

Ковачевски: Мнозинството е стабилно, има можност за зголемување, тоа е добро за ефикасноста на Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во интервју во емисијата 360 Степени на Телевизија Алсат, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека тоа може дополнително да расте.

„Секогаш постои можност и потреба заради окрупнување на одреден блок кој има визија и цел да влезат политички субјекти. Тоа ќе значи зголемување на ефикасноста на работењето на Собранието со оглед на тоа дека имаме голем број на реформски закони кои што се дел од пристапувањето на ЕУ. Скринингот тече, но откако веќе завршуваат кластерите со скринингот ќе се знае кои реформи ќе треба да се прават односно врз основа на извештаите на ЕУ , за 3 месеци ќе стигнат. Ќе се зголеми ефикасноста на самите институции“ посочи Ковачевски.

Во однос на работата на Собранието Ковачевски истакна дека обврска на секој пратеник е да присуствува на седница на Собранието.

„Кворум се прави заради собранието, работата на собранието, не заради владата. Тоа што ВМРО – ДПМНЕ го прави во текот на изминатите 2 и повеќе години не е правилно. Тоа е исклучок којшто не постои никаде во светот. Зошто, бидејќи тие пратеници се избрани од народот да го претставуваат во Собранието, не да ги претставуваат пред Собранието. Второ, пратениците добиваат плата за работата која ја извршуваат“ заклучи Ковачевски.

Последни вести