fbpx

Ковачевски: Окрупнувањето на европскиот фронт е потребно за иднината на државата во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На нашата држава и треба окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии кои што се за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, заради иднината и затоа што нашите граѓани заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Затоа што нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа тука дома во нашата држава, а не во некоја земја во туѓина на ЕУ. Затоа што нашите граѓани заслужуваат да имаат европски пат, постојат низа објаснувања и низа на причини зошто ни е потребно зачленувањето во ЕУ, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ потсети на неконзистентноста на Христијан Мицкоски.

-Доколку ги погледнете ставовите на ВМРО – ДПМНЕ и на нивниот претседател во однос на престојните уставни измени со кои што ние го продолжуваме патот во ЕУ тогаш има неконзистентност од изјава во изјава. Прво се сеќаваме сите тој на разговор снимен со бившиот премер на Бугарија кажа дека го прифаќа договорот за добрососедство со Бугарија. Потоа кажа дека не го прифаќа. Кажа пред бугарскиот премер Петков дека е за уставни измени, за да потоа каже дека е против уставни измени. Па да бара нотарски заверки од пратениците дека нема да гласаат. За да потоа каже дека е за уставни измени, ако некој во ЕУ даде некакви гаранции, за да потоа каже дека не е. Со таков неконзистентен став, прво станаа заложници на Левица, второ станаа одлична подлога за провокатори кои што сакаат да ги нарушат односите на С. Македонија регионално. Со тоа да со спречат европскиот пат и европската интеграција на државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за емисијата 360 степени на Алсат М Телевизија.

Последни вести