Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во интервју за радио „Канал 77“ го повтори ставот на СДСМ дека насилниците од 27 април мора да понесат одговорност и мора да бидат казнети.
На 27 април беа загрозени животите на многу луѓе, на пратениците, кои се народни избраници, беа загрозени животите на новинарите, коишто беа таму, беа загрозени животите на собраниските службеници и целиот тој настан, внесе страв и вознемиреност кај граѓаните и преку тоа не може туку така да се помине, нагласи Николова.
Пратеничката Даниела Николова истакна дека со загрозување на животите на пратениците беше заброзен и самиот уставен поредок.
Сите случивања од тој ден, кој нависина е црн ден за демократијата, целиот упад во Собранието значи еден јасен, директен удар на демократијата, а со тоа и на волјата на граѓаните и секој мора да си понесе одговорност за своите постапки, рече Николова, додавајќи дека во меморијата на сите граѓани се уште, се оние снимки, кои што повтдија сериозно насилство во Собранието.
Сите, се уште ги паметиме крвавите лица на народните избраници и упадот на собранието затоа и значи закана за демократијата на една држава и мора за тоа да се понесе одредена одговорност. Во сите демократски општества ваквите случувања ќе бидат осудени и ќе се бара соодветна казна за строителите, велам сооодветна за секој какво насилство извршил, дали само присуствувал таму или бил директно вклучен во извршување на насилствата, нагласи Николова.
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова запраша што ќе донесе амнестијата, дали нема да охрабри одредени политички структури во иднина пак да преземаат вакви активности.
Нашиот став е принципиелен, насилството мора да се осуди и мора да има одговорност, предлогот ќе биде достапен од понеделник и тогаш ќе можеме да зборуваме за аргументите, кои ќе ги соочиме во таа дискусија, засега останува само на тоа дека е поднесена иницијатива, рече Николова.
Од оваа временска дистанца разбирам и навистина жалам што таму во Собранието на 27 април имаше многу луѓе кои беа изманипулирани и искоиристени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не сакаше по мирен пат да ја предаде власта како што доликува во едно современо и демократско општество и навистина жалам за овие луѓе, а изјавите што ВМРО-ДПМНЕ ги даваа и ги даваат во јавноста го потврдуваат она што јас го говорам, тие сакаат само да се извадат од една очигледна ситуација дека ги жртвувале луѓето и тоа жртвувале свои луѓе, порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова во разговор за радио Канал 77.