fbpx

СДСМ: На сите наши граѓани, и на Македонците им треба визијата за 2030 година и членство во ЕУ а не враќање назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

На граѓаните, вклучително и на Македонците им треба визијата за 2030 година, членство во ЕУ, подобар живот и добросостојба, еднакви со граѓаните на земјите членки на ЕУ а не враќање назад.

СДСМ ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, а Мицкоски зборува за војни, конфликти и се натпреварува со Левица во тоа кој е поголем противник на ЕУ.

Македонците и сите наши граѓани заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ. Тоа е нашата визија за европска иднина.

СДСМ и претседателот Ковачевски работат на остварување на оваа национална и стратешка цел, за подобар животен стандард, економски силна и напредна држава, со рамноправни граѓани, рамо до рамо со сите народи од големото европско семејство.

Последни вести