fbpx

Разговараме со кофинансираните специјализанти и се обврзавме да најдеме решение за нивните барања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Венко Филипче, претседател на Комисија за здравство на СДСМ

П: Откако ја објавивте одлуката за зголемување на платите во здравствениот сектор се појави незадоволство кај возачи, административен персонал и најавуват протести исто и здружение на медицински сестри бараат линеарно зголемување, а во понеделник протест најавуваат кофинансираните специјализанти?

Имавме бројни состаноци со претставници на двата синдикати во здравството. Се направи една балансирана прераспределба на процентите на зголемување на основната
плата. Ветувањето од 100 илјади денари во терциерното здравство согласно нашата програма ќе се оствари следната година. Ние ќе продолжиме со планот за одвојување средства и понатаму за да инвестираме и во докторите и во медицинските сестри заради тоа што тие се носителите на здравството.

Во текот на изминатата недела имав состанок со кофинансираните специјализанти. Дозволете да ве потсетам дека Владата предводена од СДСМ е првата која одвои средства во 2018 година приватните специјализанти за прв пат да бидат платени за својот труд.

Тие до тогаш работеа практично без пари. Кофинансираните специјализанти се една посебна група која што има направено посебни договори заради тоа што преку специјализацијата тие имаат направено и договор на определено работно време.
Согласно Законот, кога ја завршуваат специјализацијата, нивниот работен однос се трансформира во работен однос на неопределено работно време.

Тоа што кофинансираните специјализанти на средбата од минатата недела побараа да се направи трансформација уште за време на специјализацијата за што во овој момент не постои законска можност а се со цел да го добијат зголемувањето на средствата кое сега го добиваат здравствените работници. Барањето е легитимно.

Ние договоривме дека ќе направиме неколку работни средби во рамки на Министерството со правната служба во рамки на нашата соработка со Фондот за здравствено осигурување и веројатно со пратениците со цел да се види каква е можноста тој Закон во тој едл да се промени.

Закажавме уште една средба за тогаш кога ќе ги имаме информациите во текот на следната недела за да видиме што и како мопжеме да направиме во однос на динамиката за тоа што следува во Собранието.

За протестот дознав во текот на вчерашниот ден, секое барање е легитимно, секоја одлука е легитимна затоа сакам да потенцирам дека имавме работна средба и преземавме обврка да ги расчистиме тие работи и закажавме нова средба за да видиме што може да се направи затоа што станува збор за потреба од измена на Закон за здравствена заштита.  

 

 

Последни вести