Одговор на новинарско прашање на Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ
П: Како ги коментирате вчерашните настани за одбележувањето на годишнината на Гоце Делчев, како и настаните и случувањата на бугарската граница, денеска од ВМРО обвинија за наводно лоша организација од институциите
Одговор: Граѓаните и државата вчера не дозволија да се погази придонесот и значењето на Гоце Делчев. Не се дозволи да се повреди националната гордост и чувствата на македонскиот народ, не беа дозволени никакви други политички валканици коишто претходните денови беа најавувани, како што и впрочем денеска тоа го прави Ковачки на неговата прес-конференција.