fbpx

ВМРО-ДПМНЕ во очај, пропаднаа црните сценарија на Мицкоски и Апасиев, достоинсвено се чествуваше Делчев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пропаднаа обидите на Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните истомисленици од другата страна на границата и бугарското ВМРО, да се случи хаосот на којшто работеа.

Државата, институциите, Министерството за внатрешни работи со одговорен ефикасен и професионален однос не дозволи да се остварат сценаријата, како на Деве Баир така и во Скопје.

151 година од раѓањето, достоинствено и гордо се оддаде почит за ликот и делото на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев.

Ќе остане запаметено дека лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ и заложникот на Апасиев, Христијан Мицкоски, се обидоа да го поделат народот, да реализираат црно сценарио и да го извалкаат делото на Делчев и тоа не им успеа. ВМРО ДПМНЕ е во очај.

Благодарност до припадниците на македонската полиција и сите надлежни институции.

Последни вести