Прес-конференција, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата и институциите предводени од СДСМ, покажаа дека енергетскиот систем е стабилен, сигурен и доверлив.
И во време на светска енергетска криза, домашниот енергетски сектор работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво.
Пред само два дена, АД ЕСМ, државната компанија во сопственост на сите граѓани произведе најголемо дневно производство електрична енергија во последните 10 години.
Ако се анализира стартот на годинава, истата компанија на почетокот на оваа година произведе 40% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021 година.
Бројките се прецизни, исто како фактор дека цената е стабилна. Нема рестрикции, апокалиптичните наддавања за поскапување можам слободно да кажам математички прецизно – не се оставрија.
Ова е најголем доказ дека енергетскиот систем ги задоволува сите потреби за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
Покрај постоечкиот се инвестира и во нови извори на електрична енергија.
За само една година, во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори
Тоа е многу повеќе отколку во 11те години владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Ефикасноста на институциите предводени од СДСМ ги демантираа сите црни сценарија на Христијан Мицкоски.
Не само што нема рестрикции, како што тој ги плашеше граѓаните, туку има рекордно производство на електрична енергија.
Дополнително се обезбедени 80 милиони евра, европска помош, како поддршка за ублажување на социо-економското влијание на енергетската криза. Како резултат на взаемната соработка се очекува забрзана енергетска транзиција кон одржлива климатски неутрална економија и енергетска сигурност.
На дело покажуваме како се работи на полето енергетика и во локалната самоуправа, Општина Центар формира сопствено Јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Целта е да биде првата енергетски независна општина.
Граѓаните се изморени од политизација, сакаат резултати. Пост ковид клучно за оваа Влада предводена од СДСМ е најмладите да се во училишните клупи – да следат настава со физичко присуство.
Како одговорна партија продолжуваме со инвестиции во енергетиката, градиме ефикасен и одржлив енергетски сектор и ја намалуваме зависноста од увоз.
Ви благодарам на вниаманието!