fbpx

Нов пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои две години зборуваат само за избори и блокираат Собрание

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соочени со нов политички пораз Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги верглаат истите стари фрази и празни зборови. Нови „ќе“ моменти само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ и спас на партиската фотелја на Мицкоски во Белата палата.

И пред една година за изборот на Владата на премиерот Димитар Ковачевски ВМРО-ДПМНЕ велеше дека нема да испорача резултат и дека владата ќе траела кратко, само што не се случиле предвремени избори.

После една година, резултатот на Владата на Ковачевски е првиот и најголем пораз за ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на најголема глобална енергетска и економска криза, владата не само што испорача резултат, туку со владините антикризни мерки ја спаси економијата.

Имаме рекордно зголемување на домашното производство на струја за 40%, за прв пат после 70 години се вклучени сите капацитети, нема рестрикции, нема поскапување на струјата, има доволно и храна, греење, нафта, гас.

Најголем пакет во регионот од 760 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите реализиравме и може да кажеме дека никој не беше оставен сам во оваа криза.

Не дозволивме струјата да поскапи оваа година а обезбедивме поволни сметки за училиштата, болниците, јавните установи.

Со зелената транзиција во енергетиката оваа година се инсталирани 150 мегавати зелена енергија од обновливи извори.

Минималната плата во време на криза ја покачивме, просечната плата исто така, пензиите ги покачивме. Се тоа во време на најголема криза и во време на блокади на ВМРО-ДПМНЕ.

После 17 години чекање започнавме преговори за членство во Европската унија со заштитен македонски идентитет.

Две и пол години Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за предвремени избори и ново парламентарно мнозинство и тоа е уште еден политички пораз на Мицкоски.

Како заложници на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствените против европскиот пат на земјата.

Уште долго време Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат во опозицијата, осамени и во малцинство во Собранието.

Последни вести