Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата вчера, ги усвои законите поврзани со Иницијативата Отворен Балкан.
Надминати се сите пречки и граѓаните од Македонија, Србија и Албанија сега можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци.
Ова значи унапредување на мобилноста на работната сила, но и зајакнување на конкурентноста на македонската економија и регионалната соработка.
Граѓаните сега ќе имаат поголем избор на работни места, а компаниите нова, зголемена база на стручен кадар кој може да го ангажираат.
Сето тоа ќе влијае на намалување на невработеноста и зголемување на платите во сите три земји кои се дел од Иницијативата.
Сепак и овие придобивки не беа доволни, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да ги поддржат законските измени.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не само што не гласаа туку и не присуствуваа во салата кога се носеа одлуките, покажувајќи еден игнорантски однос кон институцијата во која работат, но и кон граѓаните и државата.
Истото го сторија и за ратификацијата на Договорот од Фронтеск, но и за измените за кривичниот закон со кои овој Закон се усогласува со Истанбулската конвенција.
На ВМРО-ДПМНЕ не им се важни потребите на граѓаните и интересите на државата.
Тие се заинтересирани само за одбрана на криминалот, за блокира и кочење на државата кон европскиот пат.
За таквиот однос неколку пати беа казнувани од граѓаните и повторно ќе бидат казнети.