Со одлуката на Судот во Стразбур, денеска победи правото и правдата, порача пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во реплика на денешната собраниска седница.
„Очигледно дека ве боли тоа што беше неуспешен обидот на фикусот од претседател да направи аболиција за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ и криминалот под невидени размери“ порача пратеничката обраќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Калеска Ванчева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која го има заборавено АСНОМ; која корените ги барала во антиката, а великанот Блаже Конески го нарекувала „џуџето оф Небрегово“ и дека оваа партија постојано внесува раздор во општеството.
„Вие треба да се засрамите, вие говоревте за раздор и повторно зборувате за раздор и ја загрозувате унитарноста на државата со говор на омраза. Ние сме за национално единство, ние сакаме нашата држава да биде дел од големото европско семејство и тоа ќе го направиме“ заклучи Калеска Ванчева