fbpx

Заложништвото на Мицкоски кон Апасиев создаде феномен на политичката сцена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димиар Апасиев создава феномен на политичката сцена.

Секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното.

Мицкоски велеше дека енергетскиот систем на државата ќе колабира, дека ќе следуваат рестрикции на електрична енергија, а во реалноста домашното производство на електрична енергија бележи рекорди и не само што нема рестрикции, туку среде зима има извоз на електрична енергија.

Лажеше Мицкоски и дека цената на електричната енергија драстично ќе поскапи, а се случи сосема спротивното, цената за 72.000 компании е намалена за околу 20 отсто, а домаќинствата немаат зголемени сметки за струја.

На празниците Божиќ и Водици, Мицкоски ја уверуваше јавноста дека кон крајот на февруари Собранието ќе се распушти и ќе следуваат предвремени парламентарни избори во месец мај.

Денес, на два дена пред крајот на февруари, не само што нема распуштање на Собранието, туку има зголемено парламенарно мнозинство.

Сето ова покажува дека Мицкоски под заложништво на Апасиев е очаен а целото негово дејствување го темели на погрешни ветувања и проценки.

Затоа со години е во опозиција и уште долго таму и ќе остане.

Последни вести