Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски се шета на Матка и зборува за работниците, истите оние работници кои Никола Груевски со години ги погазуваше, додека тој мислеше само на бизнисите со хидроцентралите.
Од друга страна, Зоран Заев и владата што ја предводи, разговараат со синдикатите и стопанствениците за покачување на минималната плата на 13.000 денари веќе од 1 јули.
Мицкоски не кажа збор додека со години работниците во текстилната, кожарската и чевларската индустрија добиваа пониска минимална плата од работниците во останатите индустрии.
Очигледна е разликата помеѓу криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното управување на Владата предводена од СДСМ чии што политики придонесоа за зголемување на минималната и просечната плата, отворање на нови работни места и рекордни странски инвестиции од 624,5 милиони евра за само една година.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да понудат ништо освен деструкција, криминал и лицемерие. Затоа загубија во првиот круг и уште поубедливо ќе загубат во вториот круг од претседателските избори.
Граѓаните повторно ќе ги поразат деструктивнните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 01.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА