Соопштение за јавност
Очајот и стравот од убедлив пораз вртоглаво расте кај Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ и затоа секојдневно бараат алиби.
Факт е дека Гордана Сиљановска загуби во првиот круг на кристално чисти, фер и слободни претседателски избори.
Државата, институциите, организираа кристално чист, фер и мирен изборен процес, за тоа потврда се и бројните извештаи од релевантните домашни и меѓународни набљудувачи и организации.
Соочена со фактот дека нејзината деструктивност е поразена од граѓаните и во паника од извесниот пораз во вториот круг, Сиљановска во очај се дрзна да злоупотреби деца во изборна кампања за политички цели.
На 5 мај граѓаните уште поубедливо ќе го поразат концептот на Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ кој води назад во неизвесност, криминал и изолација.
Наместо да бараат алиби за неуспехот, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ да се помират дека на 5ти мај граѓаните убедливо ќе гласаат за Стево Пендаровски, новиот претседател на државата кој води напред кон прогрес, интеграции и стабилна иднина за сите граѓани.
Скопје, 01.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА