Соопштение за јавност
Кандидатката на Мицкоски , Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста и не ги почитува медиумите и новинарите.
Сиљановска избега да одговори на прашања поставени од страна на граѓаните на ФБ страната на МИА, избега од соочување со новинарите на Телма телевизија во емисијата „Жешко столче“ и избега дебата со активистите на Шарена револуција.
Сиљановска освен што бега, таа и премолчува. Па така, таа молчи за криминалот на режимот, молчи за тоа дека генералниот секретарот на ВМРО ДПМНЕ и нејзин шеф на изборен штаб ,Јанушев е под истрага.
Од Гордана Сиљановска јавноста ,граѓаните не слушнаа ниту збор за осуда на насилниците од 27 –ми април,а не се огласи ниту за тоа дека е поддржана од осудени воени злосторници и осудениот бегалец Груевски.
Кндидатката на Мицковски,Сиљановска воопшто не е „симбол на правото и правдата“ туку типичен пример на транзициски профитер и симбол за непотизам и злоупотреби.
Затоа, на 5 ти мај ВМРО ДПМНЕ , Мицковски и Сиљановска нека се подготват за пораз.
Скопје, 01.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА