ВМРО-ДПМНЕ јавно бара поскап леб за граѓаните, СДСМ нема да дозволи
ВМРО-ДПМНЕ јавно побара поскап леб за граѓаните и тоа во време на криза.
Белиот дворец застана во одбрана на милионски профити, против заштита на стандардот на граѓаните.
Уште еднаш се потврди дека СДСМ е на страната на граѓаните штитејќи го нивниот стандард.
Со помошта од државата за далеку пониска цена на струјата, со моменталните цени на брашното, на горивата и гасот, 450 грама леб не би требало да има цена повеќе од 33 денари вклучувајќи 6 денари како профит што останува кај пекарите.
ВМРО-ДПМНЕ е на страната на профитерите, на оние кои злоупотребуваат мерки за помош на граѓаните, против интересите на народот.
ВМРО-ДПМНЕ беше против минималната плата, против помошта за граѓаните во време на ковид падемијата, против антикризните мерки во време на светска енергетска и економска криза.
Тоа е истата криминална партија која 11 години ги осиромашуваше граѓаните.
СДСМ нема да дозволи народот да осиромашува а некој да се богати на негова сметка.