Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Гордана Кочовска од ВМРО-ДПМНЕ
Според јавните изјави, ВМРО ДПМНЕ смета дека граѓаните треба да плаќаат поскап леб, дека цената на лебот не треба да биде замрзната и дека е оправдано некој да профитира на грбот на народот.
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочовска јавно застана во одбрана на повисоките цени на лебот и тоа во време на глобална економска криза.
Според Кочовска цената на лебот не треба да биде замрзната на 33 денари и смета дека граѓаните треба да плаќаат поскап леб.
Кочовска ги брани и оправдува профитерите со леб, наместо да застане зад интересите на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е истата онаа партија која 11 години ги осиромашуваше граѓаните, додека нивната врхушка се богатеше.
Додека ВМРО-ДПМНЕ ги брани профитерите со леб и ги оправдува поголемите цени на лебот од замрзнатата на 33 денари, СДСМ е тука за граѓаните.
СДСМ го штити стандардот и никој нема да биде оставен сам во оваа сериозна ситуација, државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профит на поединци на штета на граѓаните.