fbpx

Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието се нотирани и во Извештајот на ЕК

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во реплика на денешната седница пратеничката Санела Шкријељ посочи дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата, за кои и самите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е објективен, се нотирани и блокадите што оваа партија ги прави во Собранието.

„Бидејќи рековте дека Извештајот на Европската комисија е објективен, да видиме што пишува во тој Извештај. Пишува дека работата на Собранието беше нарушена поради политичка поларизација, што го одложи донесувањето на многу закони и тоа е јасно констатирано во Извештајот. Дали знаете дека во Извештајот директно се споменува дека ВМРО-ДПМНЕ започна активна блокада на Собранието? Значи вашиот начин на блокирање на работата на Собранието е нотиран во Извештајот на ЕК“ реплицираше Шкријељ додавајќи дека и СДСМ се спомнува во извештајот како партија која ги подобрила своите внатрешни демократски процеси, преку одржување на вторите директни избори за претседател на партија.

Шкријељ истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од говорницата во Собранието ја оцрнуваат сопствената земја, наспроти она што ЕК го констатира како прогрес, повикувајќи ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да докажат дека навистина се за ЕУ, така што ќе гласаат за уставните измени.

Последни вести