Соопштение за јавност
Членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија истакна дека Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ е докажан извор на лажни вести, нагласувајќи дека не е точно неговото тврдење дека припадници на военото разузнавање се усапсени на Косово.
Веројатно Ковачки се смета себеси за министер за одбрана во сенка, веројатно значи тогаш дека е комплетно неуспешен во задачата што ја извршува, заради тоа што ова што го напишал на својот Фејсбук профил е уште една од низата на лаги со кои што тој се служи, рече Петровска, и запраша дали целта на Ковачки е личен напад врз неа и врз неговите поранешни колеги.
Ковачки беше припадник на Армијата и ја напушти за да биде пратеник во Собрание, или одработува некоја трета агенда, истакна Петровска и рече дека веќе поднела тужба за клевета против него.
Голема е веројатноста дека и за ова негово тврдење дека биле уапсени припадници на военото разузнавање, испратени од моја страна, ќе добие уште една тужба заради тоа што мислам дека најдобро е да ги соочиме аргументите наместо вакви празни постови исполнети со лаги, нагласи членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија.