fbpx

Петровска со документ ги демантираше лагите на Ковачки за измислениот случај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Членката на ЦО на СДСМ и министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денеска од собраниската говорница, во одговор на пратеничко прашање, со документ ги демантираше лагите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и најави судска разрешница за пласираните невистини.

-Причината за вашиот бес и немоќ да се справите со тужбата е тоа што всушност ве натера да излезете на оваа говорница и тоа да го читате. Најновата ваша лага, дека припадници на военото разузнавање биле уапсени во Косово. Почитувана јавност, ќе погледнам горе, како што овој пратеник милува да гледа, ова е официјален допис од косовските авторитети, кои тврдат дека таков настан со македонски припадници на воено разузнавање немало. Немало! Еве го дописот. И за ова ќе се видиме на суд и ќе го прочитате, ќе го разгледате, ќе видите што ви е јасно, а што не ви е јасно, рече Петровска.

Таа додаде дека пратеникот Ковачки единствено се служи со дезинформации и ширење лаги.

-Почитуван пратеник, очекував од вас дека ќе зборувате за тоа што се случува во Армијата. Очекував дека ќе сакате да дознаете кои се плановите на Армијата и на Министерството за одбрана. Во изминатиот период покажавте дека единственото нешто кое ве интересира е сеење дезинформации и ширење лаги. На лагите одговарам со вистина и ништо повеќе. Јас стојам денеска исправена и одговарам за својата работа, а за тоа што вие ќе одговарате, набрзо ќе знае јавноста, рече Петровска.

Последни вести