fbpx

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ свесно ја оставаат Универзална сала да пропаѓа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани граѓани,

Една и пол година проектот за реализација на Универзалната сала е намерно стопиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ,мнозинството во Советот на Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.

Советничка група на СДСМ достави Иницијатива за времено отстапување на правото на користење на Универзалната Сала од Градот Скопје на Владата и Министерството за култура, со цел да се доврши реконструкцијата.

Кога веќе Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не се способни да го довршат овој проект, Владата покажа интерес да ја заврши реконструкцијата и потоа објектот повторно да му го врати на Град Скопје.

За жал, за ВМРО-ДПМНЕ и овој пат политиката беше пред интересите на граѓаните, па мнозинството во Советот не дозволи тоа да се случи.

Мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за донација на 100 преносни компјутери на Градската Библиотека “Браќа Миладиновци”- Скопје, ниту пак за субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клими,велосипеди и електрични тротинети. Ова е политиката на ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството во Советот на Градот Скопје.Заглавени проекти, сообраќаен хаос и негрижа за интересите и потребите на граѓаните. Тоа е резултатот на Арсовска, градоначалничката за која лично Христијан Мицкоски бараше гласови и лобираше кај граѓаните, претставувајќи ја како успешна менаџерка.

Срамен и скандалозен е односот на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска кон градот и кон неговите граѓани.

Универзална сала е важен објект за Скопје со кој израснале десетици генерации, објект симбол на солидарноста кој сега пропаѓа само затоа што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ овој проект свесно не сакаат да го довршат.

Една и пол година Скопје тоне во безидејност и нема нови проекти а не се реализираат ниту наследените.

Последни вести