Град Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка, не работат ништо во главниот град, кој тоне во бесперспективност поради неспособноста и кавгите меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска.
Наместо реализација на решенија за подобар живот на Скопјани, не се реализираат ниту наследените проекти.
Универзална сала стои со реконструкцијата, нема ни нови, ни еколошки автобуси, јавниот превоз функционира половично, па дури се случи скопјани да немаат јавен автобуски превоз.
Улицата Есенинова, клучката кај Момин поток, мостот на булевар АСНОМ се дел од наследените проекти кои намерно се уште не се реализираат иако а нив има обезбедно средства.
Градот е нечист, загаден, далеку од ветеното модерно Скопје, а ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не работат ништо, освен што се караат за рацете во медот, за тендери и влијанија.
Ретко кој од гласачите на Арсовска денес е задоволен со својата одлука од минатите избори.
Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги повикуваше граѓаните да гласаат за неа, како за најдобра менаџерка, во Белата палата заедно ја славеа победата.
А заедно со Мицкоски го претворија Скопје во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат основните функции за граѓаните.
Скопјани не заслужуваат ваква градска власт, која не се грижи за нивните интереси, туку знае само за неработење, навреди и клевети, кавги за тендери и бизнис влијанија.