fbpx

Рамо до рамо со граѓаните во Вевчани и Центар Жупа: СДСМ со своите државнички одлуки ги реализира стратешките цели на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска продолжија и во Вевчани и Центар Жупа, каде заедно со граѓаните беше потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамоска Мадиќ.

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во разговор со граѓаните истакна дека СДСМ постојано е меѓу граѓаните и заедно со нив наоѓа решенија за сите предизвици.

СДСМ се грижи за сите граѓани, не отстапуваме од концептот парите назад кај грашаните.. Во време на криза помогнавме на илјадници граѓаните. Ја покачивме минималната плата на 20.175 денари, со што го остваривме ветеното на изборите година и половина порано. Рекордно ги покачивме пензиите за 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери, истакна Костадиновска Стојчевска.

Потпретседателката Костадиновска Стојчевска нагласи дека додека СДСМ се грижи и го унапредува стандардот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица продолжуваат со лажни вести, деструкции и обиди за блокади на евроинтеграциите.

Претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамоска Мадиќ пред граѓаните на Вевчани и Центар Жупа го истакна значењето на евроинтегративниот процес за иднината на граѓаните и на државата.

СДСМ со своите државнички одлуки ги реализира стратешките цели на државата, членство во НАТО и почеток на преговори и членство во ЕУ. Конечно по 17 години Македонија ги започна преговорите со цел да завршат до 2030 година. Влезот во ЕУ е гарант дека секое населено место ќе се развива подеднакво без разлика дали е мало или големо, дали е рурално или урбано, со евроинтеграцијата нашите граѓани, нашите деца ќе сакаат да ја градат својата иднина во државата, рече Мадиќ.

Последни вести