fbpx

Членството во ЕУ е државен интерес, СДСМ номинира претставник во групата за уставни измени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот.

Иванова е дипломиран правник, има долгогодишно искуство, одличен познавач не само на Уставот и законите туку и на собраниските процедури како пратеничка. Учествувала во значајни процеси и одлуки кои Собранието ги има донесено.

СДСМ активно ќе учествува во експертското тело кое го формира Министерството за правда. Тоа е државнички, тоа е одговорно затоа што станува збор за процес од кој зависи членството во ЕУ, како врвен национален и државен интерес.

Очекуваме преку отворен, транспарентен процес, да дојдеме до најдобриот македонски модел за уставни измени, кој ќе значи продолжување на европскиот пат.

Членството во Европската унија е врвен национален и државен интерес поставен уште од независноста.

Денеска, или оваа 2023 година сме на чекор, на дофат на тој генерациски сон, на таа желба на сите наши граѓани, на оваа наша стратешка национална определба.

Никогаш, ама никогаш во изминатите 30 години не сме биле толку блиску.

Веќе почнавме преговори, со ЕУ. После 17 години во чекалната, минатата година ги започнавме преговорите, се одржа меѓувладина конференција, скринингот тече одлично и тој процес ќе финишира успешно.

Она што е особено важно за Македонците е што започнавме преговори со заштитен и признаен македонски јазик. Веќе е потпишан и првиот договор со ЕУ на македонски јазик без никакви додавки или фусноти.

Сега е време да ја исполниме единствената обврска која нашата држава ја има согласно преговарачката рамка, усвоена од 27 земји членки на ЕУ, а тоа се уставните измени.

Ова се важни одлуки за иднината на сегашните и идните генерации кои сакаат подобар животен стандард, врвни демократски институции и европски функционален систем во својата земја.

Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама сакаат да живеат во ЕУ дома, а не да живеат во ЕУ во туѓина.

Обврска на сите политички партии е да ги поддржат процесите за стратешките одлуки на држава, како што е членството во ЕУ а не тие да бидат предмет на дневнополитичка борба.

За жал, граѓаните гледаат дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левица си го направи своето. Мицкоски и Апасиев отворено се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани.

СДСМ ќе се спротивстави на деструктивноста на оваа коалиција на хаосот. Како предводници на проевропската коалиција подготвени сме да направиме се за продолжување на патот кон Европа.

Ги повикуваме сите одговорни субјекти кои и мислат добро на државата да се приклучат на овој процес и заедно да обезбедиме европска иднина на државата.

Последни вести