Соопштение за јавност
Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата.
Сиљановска не знае колку војници има на располагање армијата, а сака да стане врховен командат на вооружените сили.
Освен општи непознавања, Сиљановска демонстрира и дискриминација на новинари и медиуми. Сиљановска исто како и Никола Груевски бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми.
Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста, ги дискриминира медиумите и новинарите.
Недозволиво е за кандидат да не знае клучни прашања поврзани со безбедноста, неодоворно е да бега од соочување со јавноста.
Граѓаните нема да дозволат некој кој бега од новинари, кој не знае колку војници има армијата да биде претседател на државата.
Затоа во недела и потоа на 5 мај, граѓаните ќе дадат поддршка на вистински претседател, на вистински врховен командант кој достоинствено ќе ја претставува државата и нејзините интереси.
Граѓаните ќе застанат за концептот на Стево Пендаровски кој води напред во развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО.
Скопје, 18.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА