fbpx

Пендаровски од Кратово: Излезете на гласање и заокружете го број 3, тоа е глас за НАТО и ЕУ, глас за развој и сигурна иднина на младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на граѓаните и на 31 политичка партија, на средба со жителите на Кратово, побара поддршка на 21 април, бидејќи концетот за напредок носи сигурна иднина на државата, ги отвора перспективите на младите и подобрување на стандардот на граѓаните. Овој пат, рече Пендаровски, ќе победиме, бидејќи мнозинството граѓани го поддржуваат овој концепт.

„Да се биде член на Европската унија е нашата трајна стратешка цел.Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за границите, сигурност од 29 земји-членки на НАТО. Со добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ се отвораат претпристапните фондови и средствата ќе се користат за развој на земјоделството, туризмот и за подобар стандард, перспективи за младите.

Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере. За жал во тоа време многу златни деца ни заминаа бидејќи немаа шанса тука. Работите се променија и земјата тргна напред, да не дозволиме повторно да се вратиме назад. Тоа ќе биде загрозување на иднината на нашите млади. Затоа, да избереме напредок. Заокружувањето на бројот 3 на овие избори е глас за развој, сигурна иднина на младите, повеќе пари кај граѓаните“, рече Пендаровски.

Јасна е разликата, додаде тој, гласот за Сиљановска е глас против СЈО и против напредокот, а гласот Стево е глас за праведно општество, интегрирано во НАТО и ЕУ.

Последни вести