fbpx

ФРОНТЕКС е веќе активен, сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за бугаризација се потопени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Започна Заедничката операција под закрила на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС со соработка со македонската полиција, откако Договорот беше ратификуван од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

Договорот со ФРОНТЕКС е прв договор потпишан со ЕУ на официјален македонски јазик, со чиста формулација, без додавки и фусноти, каде нашиот македонски јазик е рамноправен со сите останати јазици на ЕУ.

Со тоа и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик.

Нема никава бугаризација, ниту асимилација како што лажеа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Напротив, има признавање на македонскиот официјален јазик и напредок во евроинтеграциите, а овој Договор е дополнителна заштита на нашите граници, на нашиот територијален интегритет.

Благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ и коалицијата, денес Македонија е препознаена како земја – фактор на стабилност во регионот, кредибилен партнер во одржувањето на мирот и безбедноста.

Последни вести